Македонскиот кик боксер Даниел Стефановски е нов Светски шампион во престижната ИСКА, организација која е една од најголемите и најпризнати во кик боксот. Во Швајцарија во градот Цирих, противник на македонскиот борец му беше Софијан Алилуше од Франција. Стефановски во доминантен стил со брутален нокаут дојде до титулата Светски шампион по К-1 правила до 81.5 килограми.



