На Ајфеловата кула во Париз е поставен зип-лајн за сите кои се зависници од адреналин. Жицата е долга 800 метри и летот почнува од балконот на Ајфеловата кула и завршува на зградата на Воената академија , здание од 18-ти век.
Летањето ќе биде бесплатно, а ќе се бираат кандидати на самото место преку социјалните мрежи , а ваквиот лет ќе го испробаат само 260 летачи, кои ќе имаат неверојатна шанса да го видат Париз од поинаква перспектива.



