Хрватска славеше против Србија со 21-24, и со максимален учинок од три победи оди во следната фаза на ЕП. Шего со 44% одбрани и фантастичниот Дувњак со 5 гола и страшна одбрана беа лидери на Хрватска. Радивојевиќ и Кукиќ кај Србија дадоа по 4 гола.
Светскиот првак Данска одигра реми 24-24 со Унгарија. Најдобар кај Данска беше Браминг со 6 гола, додека кај Унгарците Балог со 7 голови.
Шпанија славеше против аутсајдерот Холандија со 25-36. Најефикасен играч беше Смитс со 8 погодоци, додека Македа постигна 6 голови во дресот на Шпанија. Сепак јунак на „Црвената фурија“ беше голманот Родриго Коралес со 45% одбрани.



