Вардар успеа да го добие големото дерби во СЕХА лигата против ППД Загреб во неизвесна завршница со 28-26. Најефикасен во редовите на Вардар беше Дисингер со 7 погодоци, додека кај Загреб најдобар беше Иван Сршен со 8 голови. Со овие бодови, актуелниот шампион Вардар се издвои на врвот на табелата во СЕХА лигата.



