Во Шангај е отворен најдолгиот бетонски пешачки мост направен со 3Д технологија за печатење. Мостот го направи тим од експерти од Универзитетот за архитектура Циг Хуа во Пекинг. Проектиран е од професорот Су Веи Гу, а изграден е од 44 бетонски компоненти кои се изработени со 3D технологија. Мостот е долг 26,3 метри, а широк 3,6 метри.

Бетонските компоненти се печатени со помош на две роботски раце, а за нивната изработка биле потребни 450 часа. Според проценките на експертите, во споредба со конвенционалниот процес на градење, заштедени се 33% од предвидените пари.



