Ненад Димитриевиќ во поразот на неговиот Хувентуд од 80:95 од Барселона постигна 11 поени, но го имаше потегот на натпреварот.
Димитријевиќ во првото полувреме тргна во контранапад и со лажно движење му ја сокри топката на Малколм Дилејни, посрамотувајќи го скапото засилување на евролигашот. Откако му ја направи финтата на Дилејни, Нено продолжи кон кошот и даде кош, а публиката во салата се држеше за глава, и сите беа воодушевени.



