Eдно од најдобрите леви крила во историјата на германскиот и светскиот ракомет Доминик Клајн e eден од тренерите на овогодинешното издание на кампот на Кире Лазаров. Клајн кој пред една година настапуваше заедно со Кире Лазаров во Нант, дојде на кампот да го пренесе своето ракометно знаење. Тој е импресиониран од организацијата на овој камп во Охрид: „Не постои подобро место за организација на овој камп ни во Германија ни во Европа … Сето ова се работи со срце“
Извор: Handball Camp Kiril Lazarov 7



