Голманот на Металург, Никола Даниловски на средбата против ППД Загреб влезе во вториот дел и ја имаше одбраната на натпреварот. Откако Даниловски успеа прво да одбрани удар од седум метри, потоа ја скроти и одбиената топка која дојде до ракометар на Загреб.



