ГЕРМАНИЈА – НЕДЕРЛАНД 34:23 (полувреме 15:13) Ракометната репрезентација на Германија ја победи Холандија со 34-23 во првото коло од групата Ц на Европското првенство. Најефикасен ракометар на натпреварот беше Смитс со 7 од селекцијата на Холандија, додека во Германија се истакнаа Хефнер и Колбахер со по 5 погодоци. На голот на Германија блескаше Андреас Волф со 41% одбранети удари.