4-часовно бегство во светот на смеата и шегата…
ВИП-арената „Борис Трајковски“ исполнета до последното седиште и до последниот слободен простор на овогодишната 22. Златна Бубамара на популарноста. Мега-настанот на годината и овој пат во публиката ги собра естрадните лица, политичарите, актерите, пејачите, новинарите. И на сцената: естрадни уметници, музичари, актери и пејачи во најголемото шоу што ги сумира, низ смеа, сатира и музика, врвните достигнувања на минатата – 2018 година.
Настанот, по препознатливиот звук на фанфарите, го отвора Марлон Брандо со песната „Дај ми да пијам“, песна што со своите отрезнувачки стихови е неофицијална химна на времето што го живееме. Песната на Брандо е отпејана варијанта на мотото на овогодишната Бубамара на популарноста, кое гласи: „Време е ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ – на музика, смеа и работа, откако се ОДДАДОВМЕ – на лажење, крадење и неверства“.
Златна Бубамара на популарноста 2019 ексклузивно можете да ја погледнете на ТВ Канал 5 денес во 20 часот.
Извор: radiobubamara.mk



