Ракомет како што само може да се посака понудија Веспрем и Виве Келце на првиот полуфинален дуел на фајнл-фор турниот од Лигата на Шампионите во Келн. Веспрем предводен од фантастичниот Арпад Штербик на голот поведе со 4:0 на стартот, водеше и со 8:5 нo по повредата која ја заработи Штербик во 20 минута, Келце почна да ја топи предноста дури и да поведе со 8:10. Сепак во финишот дојде до поголема концентрација во двата тима и на полувреме се замина со нерешен резултат 13:13.
Во вториот дел за Веспрем влезе во игра неверојатниот Петар Ненадиќ кој изигра страшен меч и со вкупно 12 голови, од кои дури 11 во вториот дел го водеше Веспрем до победа против Келце 33:30 . Нашиот Дејан Манасков поради повреда остана на клупата за резервни играчи.



