Ракометарите на Еурофарм Работник доживеа пораз во Суперлигата од фаворитот Вардар 28-30 откако на полувреме водеше со 18-10 и беше на повидок голема сензација. Сепак во вториот дел Вардар предводен од Тимур Дибиров со 8 гола стигна до победа. Во eкипата на Еурофарм Работник најдобар беше Филип Кузмановски со 8 голови, пред Маркоски и Ѓукиќ со 5 голови, a на голот блескаше одличниот Благојче Трајковски.



