„Ова е тежок пораз за нас и нашиот тим, сакам да се извинам на сите луѓе во Србија кои веруваа во нас. Можеби сме подобар состав од Аргентина, но очигледно тие имаа поголема желба за победа. Не бевме психолошки подготвени за овој натпревар, особено јас како еден од лидерите на овој тим. Признавам дека одиграв како го*но. Кога на крајот видовме како тие слават, со солзи во очите, тоа покажува колку го посакуваа овој триумф. Го заслужија ова“ – вели Немања Бјелица.
„Ние сме сјајна група кошаркари. Не изгубивме поради тоа што сме арогантни, едноставно не бевме психолошки подготвени. Цело лето вежбав е за ова, но залудно”.



