Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, одбра 22 репрезентативци за подготовките за мечевите Турција и на Грција. Првиот собир на репрезентацијата е закажан за сабота, од 13 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Список на повикани репрезентативци:
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски и Мартин Томовски.
Крила: Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Гоце Георгиевски и Ненад Костески.
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Манасков, Марио Танкоски, Горан Крстевски, Кирил Лазаров, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски и Милорад Кукоски.
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски и Филип Арсеновски.



