Дуелот помеѓу Србија и Хрватска во квалификациите за ЕП 2020 во Белград заврши без победник, 25:25 (полувреме 13:13). Домагој Дувњак во последните 30 секунди погоди за нерешено и бод за Хрватска. Тој беше и најдобар поединец на денешниот натпревар со 6 голови. Во дресот на Србија најефикасни беа Вања Илиќ, Кукиќ и Пешиќ со по 4 голови. 



