Александар Кираџиев е државен првак во Маратон со нов државен рекорд 2 часа 37 минути и 41 секунда. Тој беше шести во генералниот пласман, а прв од нашите натпреварувачи. Победник на Скопскиот Маратон оваа година е Чалачев Асмамав Тирунех од Етиопија со време 2 часа 15 минути и 37 секунди.
Андријана Поп Арсова е прва кај дамите а заврши седма во генералниот пласман, пред Билјана Кираџиева и Катерина Шиповиќ од Македонија. Севкупен победник кај дамите Еунис Ниавира Мучири од Кенија со време 2 часа 33 минути и 38 секунди. 



