МЗТ Скопје стигна до 12-та победа во втората АБА лига оваа сезона откако триумфираше врз Сутјеска со 88:78. Дамјан Стојановски со 28 поени беше најдобриот во тимот на МЗТ, по 14 поени реализираа Крстевски и Харис, додека кај гостие расположен беше Павличевиќ со дури 36 поени.
На пет минути до крајот навивачката група „Фемили“ која ги навредуваше судиите и фрлаше предмети на теренот беше отстранета од теренот.



