вторник, септември 26, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Чемпионшип: Десет најперспективни играчи од сезоната 2019/20

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 31, 2019
📁 Спорт, Фудбал

Сезоната 2019/20 во англискиот Чемпионшип би можела да ни ја донесе најнеизвесната завршница бидејќи разликите помеѓу тимовите кои се борат за влез во плејоф зоната се многу минимални, а истото важи и за тимовите што се борат за опстанок. Освен овие возбудувања, овосезонскиот Чемпионшип ни понуди и други интересни моменти, квалитетни натпревари, прекрасни погодоци и најважното од сè – млади играчи кои имаат голема перспектива пред себе. Дел од нив се:

Конор Галагер – 19-годишниот Англичанец потекнува од школата на Челзи, а моментално е на позајмица во Чарлтон. За тимот од „Вали” одигра 24 од 25 лигашки натпревари, пропуштајќи го дуелот против Шефилд Венздеј во 19. коло поради суспензија. Во оваа полусезона има постигнато шест погодоци. Најдобро се снаоѓа на позициите помеѓу средниот ред и нападот, а важи како главна цел за противничките дефанзивци притоа трпејќи голем број на фаули.

Џонатан Леко – Овој играч потекнува од ДР Конго, а на осумгодишна возраст се преселил во Англија. Фудбалските чекори ги започнал во ВБА, а за истиот тим има вкупно 15 настапи во Премиер Лигата од 2015-2017 дебитирајќи на негова 16-годишна возраст. Моментално и Леко исто како и Галагер е на позајмица во Чарлтон. 20-годишниот напаѓач во оваа полусезона постигна пет голови и забележи 21 настап.

Џад Белингам – Најмладиот играч од оваа листа игра во тимот на Бирмингем и има само 16 години. Минатата сезона во тимот под 23 години одигра два натпревари и постигна исто толку голови, а оваа сезона добива солидна минутажа во првиот тим. Има постигнато три гола – два победоносни против Стоук и Чарлтон и еден против Лидс.

Џејсон Најт – 18-годишниот Ирец беше дел од шампионскиот тим на Дерби што ја освои Премиер Лигата У18 минатата сезона. Оваа сезона дебитираше за првиот тим, а на 14. настап ги постигна единствените два погодоци во сениорската конкуренција. Игра во средениот ред. Освен Најт, Дерби има една голема плејада на млади играчи меѓу кои спаѓаат и Ли Букенан, Макс Бирд, Џорџ Еванс, Луј Шибли и Морган Витакер.

Мети Кеш – 22-годишниот играч на Нотингем Форест пружи одлични партии во дресот на својот клуб. Првите чекори ги започнал во Викомб Вондерерс, но на 17 години се преселил во Нотингем кадешто ја продолжил кариерата. Само една полусезона поминал на позајмица во Дагенхам енд Редбриџ (во Лиг 2), а останатиот дел од сениорската кариера го поминал во Чемпионшип со Нотингем. Мети Кеш беше поврзуван со неколку милионски трансфери, но истите беа демантирани со неговиот нов договор кој му ја заверува иднината до 2021 во црвениот дрес. Освен во средниот ред, добро се снаоѓа и на позицијата десен бек. Заклучно со 2019, за Нотингем има одиграно 101 настап и постигнал 10 гола.

Брајан Мбеумо – 20-годишниот Французин во летниот преоден рок се пресели од Троа во Брентфорд. Заедно со Оли Воткинс и Мохамед Бенрама го чини најубитачното трио во цела лига кои вкупно имаат 27 голови и 11 асистенции. Мбеумо влезе во серија од осум голови на четиринаесет натпревари што се очекува да биде продолжена во 2020.

Џерод Боувен – Боувен штотуку наполни 23 години и е најстариот играч од оваа листа. Во тимот на Хал игра од 2014, а моментално е втор стрелец во Чемпионшип со 16 голови, притоа додавајќи и пет асистенции. Во периодот од 19. октомври до 7. декември, на девет натпревари постигна единаесет погодици.

Ебречи Езе – Езе е 21-годишен напаѓач што потекнува од школата на Милвол, а моментално настапува за КПР. Во 2017 беше испратен на позајмица во Викомб кадешто постигна пет голови во полусезоната и беше солидно дуо со Адебајо Акинфенва. Оваа сезона, за КПР има постигнато девет голови и направено четири асистенции. Езе е најдобар стрелец во својот тим и е главна алка во играта на Марк Ворбартон.

Карлан (Ахерн) Грант – 22-годишниот Карлан (Ахерн) Грант потекнува од школата на Чарлтон и игра во нападот. Во 2018 го отфрлил инфиксот „Ахерн” од своето име, а истата таа година бил на одмор во Ибица и бил оптужен за нарушување на приватност како и за сексуално злосторство над 19-годишна девојка. Надвор од теренот, во неколку наврати, Грант се однесуваше недолично што може драстично да му ја наруши кариерата. Сепак, неговиот талент е несомнен, а во оваа полусезона, за Хадерсфилд постигна 12 голови и е најдобар стрелец на својот тим.

Конор Чаплин – 22-годишниот напаѓач на Барнсли е само еден од плејадата на квалитетни и просперитетни млади играчи кои се дел од овој тим. Барнсли го има најмладиот тим во цела лига, а под водтсвото на Герхард Штрубер има големи шанси да избори опстанок. Секако, главен адут во остварувањето на оваа цел ќе биде Конор Чаплин кој заедно со Коли Вудру е најдобар стрелец на својот тим. Ова дуо постигна повеќе од 50% од головите на Барнсли (17/32), а Чаплин запиша и четири асистенции.

Tags: англијаФудбалЧемпионшип
ShareTweet
Претходна вест

„Старата дама“ пред потпис со Македонскиот швеѓанин!

Следна вест

(Видео) Вардар му посака Добредојде на Алушовски

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Мартин Јовановски го освои Суперкупот на Кипар
Ракомет

Мартин Јовановски го освои Суперкупот на Кипар

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Сеп/2023
Начевски и Николов ќе го судат полуфиналето помеѓу Данска и Шпанија
Ракомет

Николов и Начевски ќе судат на ЕП 2024

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Сеп/2023
ВК “Црн Дрим” е севкупен победник на регатата во Пловдив
Останато

ВК “Црн Дрим” е севкупен победник на регатата во Пловдив

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Сеп/2023
Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот
Ракомет

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
Следна вест

(Видео) Вардар му посака Добредојде на Алушовски

Последно

Мартин Јовановски го освои Суперкупот на Кипар

Николов и Начевски ќе судат на ЕП 2024

Кој рече дека летото заврши? Еве каде сеуште не е!

ВК “Црн Дрим” е севкупен победник на регатата во Пловдив

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот

(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.