Пред неколку дена Пелистер играше пријателски натпревар против РК Бутел во меч кој што во една прилика Реваз Чантурија грузискиот интернационалец промаши седмерец и веднаш потоа тренерот на тимот Јошко Петковиќ го повлече на клупа и дојде до вербална расправија помеѓу нив двајца.
Чантурија го напушти натпреварот и епилогот од сето тоа е раскин на договорот. Иако управата и ракометарите посакувале да се разреши ситуацијата, сепак Чантурија останал на својот став и ја прекинал соработката со РК Пелистер.



