На гостувањето во Свети Николе екипата на ЖРК Стружанка го совлада ЖРК Овче Поле СУ со 24:43 (полувреме 10:24). Стрелци за ЖРК Стружанка беа: Maркоска Теодора со 10, Делиоска Магдалена со 9, Јованоска Бојана и Јовичанац Радмила со по 7, Затуроска Ивана со 6, Дурацоска Стефанија 3 и Петреска Марија 1. Во тимот на ЖРК Овче Поле СУ најефикасни беа Вуческа со 9, Павловска со 6 и Манева со 5.



