Бутел го совлада Запорожје со 18-14 (полувреме 8-7) во првиот дуел од третото квалификациско коло од ЕХФ-купот.
Најефикасен во редовите на Бутел беше Мирко Мајиќ со 7 постигнати гола, а Златко Мојсоски даде 3 погодоци. Кај поразените се издвоија Тилте со 4 и Акименко со 3 постигнати гола. Реваншот се игра на 13. октомври во Запорожје.



