Одличниот австриски скијач, Марсел Хиршер кој е еден од најдобрите на сите времиња во овој спорт, изјави дека Светското првенство во Оре,Шведска е последно големо натпреварување за него во кариерата.
Хиршер во меѓудругото кажа дека ќе учествува на последните 10 овосезонски трки од Светскиот куп, а после тоа дека сериозно ќе размисли и за крај на богатата и долга кариера. Австриецот инаку во Оре освои и златен медал во слалом и за него ова е вкупно седмо златно одличје од светските првенства.



