Во спортскиот центар ,,Драго Јововиќ” во Врбас,Србија на ,,Купот на нациите” настапија над 100 боксери во машка и женска конкуренција од 13 држави, од кои што Македонија имаше свои успешни преставници.
Со злато се закити Адријан Аземи (над 80 кг), кој во финалето славеше против Индиецот Гупта Вишал, сребро освои Ајхан Озмен (до 66 кг), а до бронзата стигна Илхан Озмен (до 60 кг), кој го победи „бронзениот“ на последното ЕП, Унгарецот Ференц Саму.
Со боксерите беа тренерите Васко Цубалевски и Насер Харуни, а во составот на делегацијата беше и боксерскиот судија Стефан Цубалевски. Со овие успеси се враќа надежта дека македонскиот бокс има млада перспективна иднина.



