Последниот прволигашки меч во Битола помеѓу домашната екипа на КК Пелистер и КК Еуро Никел 2005 во целост ги оправда очекувањата, пред се дека ќе биде динамичен и најмногу неизвесен меч.
До триумф дојдоа гостите со резултат од 82:88 по четвртини (23-24; 17-19; 22-15; 16-20; 4-10), најмногу по заслуга на поентерскиот учинок на Каплановиќ со 23 поени и 12 скока, а неговиот пат го следеа Мирзет со 19 поени, Соколов со 16 и 11 коша постигна Петровски. Во поразената екипа најефикасен заврши Казарновски со 31 постигнат поен.
Во преостанатите два натпревари до победа стигнаа екипите на Куманово над Академија ФМП со резултат од 97:71 и Кожув рутински триумфира против Вардар со резултат од 87:65.
Фото: http://kfsm.mk/



