Американската телевизија ESPN на чело со водителот на емисијата и поранешниот квотербек на Чикаго Беарс, Џеј Катлер го исмевааа ракометот како спорт и коментираа дека овој спорт е малку распространет и дека со неколку спортисти одбрани од неколку други спортови во Америка може да бидат конкуренти за злато на Олимписките игри.
Квотербекот во меѓудругото кажа дека лесно би влегол во американскиот ракометен тим и сосема лесно со репрезентацијата би со ,,прошетале” до златниот медал.
Катлер кажа толку навредливи зборови за ракометот што не му доликува на еден врвен спортист, а од друга страна му реплицираа европјаните во одбрана на ракометот.
Суперстарот Лука Дончиќ (кошаркар), потоа Никола Карабатиќ (ракометар) и Јусуф Нуркиќ (кошаркар) во еден глас им кажаа на американците дека ракометот е комплексна игра и дека е тежок спорт.
Карабатиќ уште и кажа дека ако успеат него и неговиот тим да го победат веднаш би се откажал од освоените одличја од олимписките игри. Исто така ЕХФ состави екипа и им предложи да играат американците против нив.



