сабота, септември 23, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Богатството на Шефилд – Крис Вајлдер

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 30, 2019
📁 Спорт, Фудбал

Кристофер Џон Вајлдер познат како Крис Вајлдер е роден на 23. септември 1963 во малото гратче Стоксбриџ во близина на Шефилд во Јужен Јоркшир, Англија. Најпрво, кариерата ја започнал како играч на позицијата десен бек, а потоа станал тренер.

Играчка кариера:
Играчката кариера ја започнал во младинската школа на Саутемптон, но го напуштил клубот во 1986 за да премине во Шефилд Јунајтед – клубот за којшто навивал уште од детските денови. Во дресот на Шефилд Јунајтед настапил вкупно 93 пати во периодот од 1986 до 1992 притоа постигнувајќи еден гол. Од Шефилд бил пуштен на позајмица во Волсал, Чарлтон и Лејтон Ориент. Од 1992 до 1998 играл за Ротерам Јунајтед, Нотс Каунти и Бредфорд Сити, а потоа повторно се вратил во Шефилд. Од Шефилд бил пуштен на уште две позајмици, во Нортемптон и Линколн, а во 1999 се преселил во Брајтон. Кариерата како играч ја завршил во 2001 во Халифакс.

Тренерска кариера:
Тренерската кариера ја започнал во Алфретон Таун и со овој клуб освоил четири нисколигашки трофеи за само една сезона. На 2. јули 2002 повторно се вратил во Халифакс, но овој пат како тренер. На својата позиција останал сè до распаѓањето на тимот во 2008 односно над 300 натпревари.
После распаѓањето на Халифакс, Вајлдер бил асистент во Бери, но после шест месеци се преселил на клупата на Оксфорд Јунајтед. Во тој период, Оксфорд бил дел од петтата лига. Во втората сезона на Вајлдер како тренер на Оксфорд (прва целосна), преку плејофот успеал да го врати тимот во Лиг 2 и наредната сезона да му избори место во средината на табелата. Во наредните две сезони, Оксфорд под водство на Крис Вајлдер завршуваше како просечна екипа во четвртата лига на којашто ѝ недостигаа по неколку поени за влез во плејоф. Очекувањата на Оксфорд биле влез во третата лига, па Вајлдер незадоволен од својот учинок, си поднел оставка и се преселил во Нортемптон. Во првата полусезона како нивен тренер, го спасил тимот од релегација во петтата лига. Наредната година успеал да заврши во средината на табелата, а само една сезона подоцна го предводел Нортемптон до шампионската позиција во четвртата лига и промоција во еден ранг погоре.

Тренерски ангажман во Шефилд Јунајтед:
На 12. мај 2016, Вајлдер повторно се врати во Шефилд заменувајќи го Најџел Едкинс на тренерската позиција. Шефилд Јунајтед беше третолигаш кога го направи овој потег, а Вајлдер изненади кога за капитен го назначи Били Шарп – човекот со слична судбина како неговата и долговечен фан на истиот клуб. Оваа одлука беше дискутабилна бидејќи Шефилд беше прицврстен на дното од лигата после првите четири натпревари. Сепак, Вајлдер, знаејќи ги способностите на своите играчи, успеа да го консолидира тимот и да го однесе до врвот со освоени 100 поени – рекорден број на освоени поени во една сезона во историјата на Шефилд Јунајтед.
Во Чемпионшип, првата сезона беше исполнета со осцилации, но во вториот обид успеа да го промовира својот клуб во Премиер Лигата после 2007.

Tags: Крис ВајлдерФудбалШефилд Јунајтед
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) НФЛ: Најголемото изненадување оваа сезона во „режија” на Мајами

Следна вест

Брестовац го соопшти списокот за ЕП

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(Видео) Митревски и Кизиќ со ТОП одбрани во Лигата на шампионите
Ракомет

(Видео) Митревски и Кизиќ со ТОП одбрани во Лигата на шампионите

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Сеп/2023
Куп: Еурофарм Пелистер 2 лесно со Металург РА
Ракомет

Стружаните Костески и Ѓоргоски одлични во победата против Мултиесенс

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Сеп/2023
(Видео) Томовски блескаше на голот на Вардар со 13. одбрани
Ракомет

Вардар дома со Пролет, Голден Арт гостува во Битола (Група-Б)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Сеп/2023
(Галерија) Драматичниот натпревар помеѓу Струга и Гуиф низ фотографии
Ракомет

Струга гостува во Кавадарци, Алкалоид дома со Еурофарм Пелистер 2 (Група-А)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Сеп/2023
Следна вест

Брестовац го соопшти списокот за ЕП

Последно

(Видео) Митревски и Кизиќ со ТОП одбрани во Лигата на шампионите

Стружаните Костески и Ѓоргоски одлични во победата против Мултиесенс

Музичарот Петар Маркоски доби Златна статуетка на Murex D’or во Либан

Вардар дома со Пролет, Голден Арт гостува во Битола (Група-Б)

Струга гостува во Кавадарци, Алкалоид дома со Еурофарм Пелистер 2 (Група-А)

Чаневски избран за најдобар голман во Израел

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.