Екипата на нашиот репрезентативец Стојан Ѓуроски славеше со минимални (75:73) на гостувањето кај О-Мориен.
Нашиот репрезентативец Стојан Ѓуроски одигра околу 20 минут и имаше три обиди за три поени. Погоди еден од нив. Имаше и еден неуспешен удар од поле, како и два скока за тоа време во игра.
Ова е седма победа за Евре во 17.одиграни мечеви во француската ПРО Б, со кои сега е на позицијата број 13 во ова натпреварување.



