Репрезентацијата на Шпанија со триумфот над Египет на Светското првенство во Германија и Данска со резултат од 36:31 во натпревар за седмото место, извади виза за квалификациите за ОИ за Токио 2020 година. ,,Фуријата” го освои седмото место на Мундијалот и со тоа ја оствари својата основна цел, односно место во квалификациите за ОИ.
Шпанија имаше проблеми се до средината не мечот, но до крајот стигнаа да ја преземат контролата врз резултатот и со тоа дојдоа до победа од 36:31. Најефикасен во победничкиот тим беше Канељас со 9 гола, додека кај Египет Ел Ахмар постигна 8 гола.



