Четири членови од Струшкиот триатлон клуб “3ДИСЦИПЛИНЕС” настапија на отворено триатлон првенство во Албанија. Никола Kутаноски, Димитар Јованоски, Бетим Ибраими и Бурим Хода.
Со оглед на тоа дека и Албанија е во почетоците на организација на триатлон трките и Триатлон федерација, оваа трка во организациски аспект беше многу лоша, асвалтот стар и на многу места огромни дупки. Но беше брза трка. Уште од самиот почеток на трката во пливањето заедно направивме разлика, на велосипедот ја зголемивме разликата работејќи во група за на крај на трчањето малку да се опуштиме,меѓутоа државниот првак на Албанија во атлетика на средни и долги патеки, Бледар Меси не не остави во мирен финиш па моравме да појачаме, а на младите е иднината па Димитар освои уште едно прво место.
Никола Кутаноски натпреварувач и тренер на клубот “3ДИСЦИПЛИНЕС” изјави “Димитар Јованоски најдобриот досега што сум го имал како ученик. Допрва следи најдоброто од него. Но пазам да не се изгори затоа што е на почеток од натпреварите во јуниорска категорија (750м пливање, 20км возење и 5км трчање). До предходната година правеше пола од овие дистанци, па самите резултати што ги постигнува сега се ОГРОМНИ со оглед на тоа дека прва сезона настапува со подолги делници и со постари натпреварувачи со 3 години од него во неговата категорија”



