Во Берово на вториот ден од мастерс викендот за кадети во категориите за играчи до 12 и до 15 години, во неделата се одржа мастерс турнирот во кадетска конкуренција до 15 година.
Ако на мастерсот во категоријата до 12 години фаворитите ги освоија првите места, кај повозрасните играчи во машка категорија имаше изненадувања.
Најдобриот играч до 15 година Лука Стојчев од ППК Шампион Фа неочекувано изгуби во четврт финалето од Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка .

Стојчев прокоцка водство од 2:0 во сетови за на крај да слави Јакимовски со 3:2. Инаку Јакимовски е неприкосновен во категоријата за играчи до 12 години.
Титулата на вториот мастерс ја освои Борис Секулов член на струмичката екипа на Астраион. Секулов во финалето беше подобар од Борјан Цветковски од ППК Топспин Плус.
Кај кадетките убедливо со најдобар скор до сега првото место го освои Сара С.Стојановска која на патот до златото на вториот мастерс изгуби само еден сет во финалето против Васе Богоеска .
Пласман Кадети:
Борис Секулов ППК Астраион
Борјан Цветковски ППК Топспин Плус
Александар Јакимовски ППК Крива Паланка, Лука Серафимовски ППК Винспин
Пласман Кадетки:
Сара С.Стојановска ППК Крива Паланка
Васе Богоевска ППК Крушево
Изабела Ковачовска ППК Берово, Софија Хасану ППК Крушево.



