Работнички ќе се обиде да стигне до својојт десетти трофеј во државниот Куп, утре (недела, 14. април) во рамки на финалето од ова натпреварување.
„Центарци“ вечерва го совладаа лутиот градски ривал МЗТ Скопје Аеродром по два дополнителни периода, откако прокоцкаа сигурна двоцифрена предност што донесе егал. Избраниците на Марин Докузовски славеа со 93-89 односно 22-12, 18-21, 20-18, 12-21, 21-17 и утре во финалето ќе се сретнат против Блокотехна.
Целосната статистика од натпреварот е достапна на следниот ЛИНК.
Кошаркарите на Блокотехна отворија нова страница во клупската историја откако обезбедија пласман во финалето од државниот Куп. Избраниците на Марјан Илиевски одиграа возбудлив натпревар против кошаркарите на Гостивар и беа во резултатска негатива речиси целиот натпревар.
Во вториот дел од натпреварот ја зацврстија играта, го искористија падот на концентрацијата на противникот и славеа со конечни 92-87. Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.



