Баделки имаа богат спортски викенд, одиграа четири натпревари и во сите забележаа уверливи победи. Најпрво во саботата на третиот по ред турнир за кошаркарки под 14 години во Кавадарци настапија најмладите баделки и забележаа две уверливи победи и тоа прво против екипата на ЖКК Вардар од Скопје со резултат од 52:15 потоа уште по уверлива победа со екипата на ЖКК Мзт-Скопје со резултат од 79:13.
Во досега одиграните три турнири баделовите кадети се без пораз и се на прво место. Во неделата се одигра двомеч на домашен терен во спортската сала ,,Независна Македонија” со екипата на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица.
Прво играа сениорките, при што е забележана 13-тата победа по ред на сениорската екипа на ЖКК Бадел 1862 со резултат од 72:52, при што најефикасна беше Сања Адамовска со постигнати 19 поени, по неа следеа Драгана Јоловиќ 15, Сандра Лазареска 14, Катерина Поп Димитровски 10, Сара Петровска 6 , Сара Максимовска 2, Наталија Гаревска 2, Наталија Секуловка 2 и Ева Атанасовска 2 поени.
Потоа и кошаркарките до М-18 години исто така забележија сигурна и уверлива победа со резултат од 78:41, со што во потполност се реваншираа на противничката екипа за поразот од 14 разлика во Македонска Каменица во првиот дел од првенството.



