Екипата на ЖРК Стружанка во последниот натпревар на домашен терен забележа победа против тимот на ЖРК Пелистер со 26:21 (полувреме 13:9).
Стрелци за тимот на Стружанка денес беа: Делиоска 7, Јованоска 6, Јовичинац 5, Маркоска 3, Затуроска 2, Јоноска 1, Дурацоска 1, Петреска1. На голот на Стружанка денес одлична беше Марина Митоска. Во тимот на Пелистер се истакнаа Чокели со 6 и Јанкулоска со 5 голови. До крајот на шампионатот останува уште едно коло во кое тимот на Стружанка гостува на Металург.



