Вечерва од 19.00 часот во Манхајм, Германија во рамките од групата А од Лига шампиони, РК Вардар со некомплетен состав ќе брка нова победа против добро нам познатиот Рајн Некар Левен и со овој меч продолжуваат новите возбудувања и преостануваат четирите последни натпревари од групната фаза во најелитното натпреварување.
Во ,,Сап арена” ,,Црвено-црните” ќе се обидат да ја продолжат серијата на позитивни резултати против РНЛ, каде што досега во девет меѓусебни дуели имаат позитивен скор од шест победи, едно реми и само два порази. Во бундеслигашкиот тим Филип Талески и екс вардарецот Илија Абутовиќ ќе ги одмерат силите против Вардар се со цел да се дојде до нова победа во потера на второто место на табелата.



