Глеб Калараш по само неколку месеци откако го напушти европскиот шампион ќе се врати во Скопје. Калараш веднаш по завршувањето на сезоната се пресели во редовите на Мотор Запорожје но веднаш зажали за ваквата одлука и изрази желба да остане. Вчера конечно бил постигнат договор за прекин на соработката со Мотор и Калараш е слободен да се врати во Вардар. Глеб Калараш на социјалните мрежи се пофали дека купил авионски билет за Скопје, и се очекува во скоро време да пристигне официјана информација за договор со Вардар.



