Во бараж натпреварот одигран во Неготино, Работнички ја совлада екипата на Прилеп и обезбеди настап во македонската Суперлига. Tимот од Скопје извојува убедлива победа со резултат 38:30 (полувреме 21:13). Давор Палевски беше најефикасен и на натпреварот и во тимот на Работнички со 12 голови, додека кај Прилеп, Евгениј Темелковски беше најдобар со 8 голови. Со оваа победа Работнички го пополни последното место во Суперлигата.



