понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

(Прва лига) МЗТ и Гостивар остануваат на врвот

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јануари 26, 2020
📁 Кошарка

Кавадарчани брзо го исправија киксот од претходното коло, со победа на гостувањето кај Академија ФМП (68:59)…

Со победа, и тоа доста сигурна се враќаат кошаркарите на Еуро Никел 2005 од гостувањето во Скопје, поточно во мечот со екипата на Академија ФМП. Освен во првата четвртина, се друго беше на страната на тимот кој го предводи Горан Самарџиев.

АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ 2005         59:68

(19-18; 18-22; 7-15; 15-13)

Во доста израмнета игра протекнаа првите десет минути од средбата во „Независна Македонија“. Макар што Академија ФМП беше во постојано водство, но не поголемо од пет поени (18:13) како што беше во седмата минута од играта. Ништо повеќе од тоа, затоа што кавадарчани стигнаа до поени негатива, (18:19) на истекот на првата четвртина.А на почетокот на втората, по тројката на Николиќ и атракцијата на Каплановиќ, поведоа со пет поени (26:21).

Извонредниот процент на реализација за три поени (7/12 или 58%), го донесе Еуро Никел 2005 до уште повисоки (32:25), по заслуга на одличниот Бакоч, кој веќе имаше 11.поени (3/4 за три).

На другата страна „недостатокот“ на поени од Харис, донекаде го надополнија неговите сонародници, Лонг и Блантон со по осум реализирани поени. А влегувањето на Стојановски пак донесе дополнителна живост во офанзивата на „пантерите“.Токму Стојановски и Лонг го вратија домашниот тим „назад во игра“, а го натераа Горан Самарџиев, практично во само две минути да ги потроши и двата „тајм-аути“. Јасно и поради што, во 18.минута, на семафорот стоеше резултат (35:36), односно само поен позитива за неговата екипа.

Нешто поголема (40:37),  беше пред заминувањето на големиот одмор.

По новата реализација, по Бакоч и Соколов, со 12.поени, високиот Каплановиќ стана третиот „двоцифрен“ играч во гостинската екипа, која по 25.минути игра, водеше со (48:41).Србинот делуваше незапирливо за противничката одбрана. И самиот го креираше најубедливото водство за Еуро Никел 2005 од (55:44) забележано на истекот на 30.минута.

Така беше и во последната делница од мечот. Каплановиќ ја продолжи својата доминација во рекетот, и го чуваше гостинскиот тим на солидно „растојание“, најчесто двоцифрено.

Како во 34.минута кога беше (60:49) во корист на екипата од Кавадарци.

Комплетната статистика од мечо,т одигран во салата „Независна Македонија“ во Скопје, ТУКА.
 

На најтрофејните им беа потребни две продолженија за да стигнат до деветтиот триумф оваа натпреварувачка сезона, настрадаа битолчани…

Пелистер – Работнички 110-115
26-27, 28-17, 13-29, 27-21, 16-21

Црвено-белите од скопската општина Центар запишаа втора победа во низа откако на денешниот натпревар во рамки на тринаесеттото коло беа подобри од домаќините Пелистер среде Битола. На избраниците на Димитар Мираковски им беа потребни две продолженија за да ги надиграат упорните битолчани кои ’не се даваа’.

Работнички беа предводени од упорниот Лескаулт, кој запиша 43 поени зад своето име, Мијатовиќ кој придодаде 23 поена, двоцифрени беа уште и репрезентативците Николовски (14) и Ефремовски (12).
Кај домаќинот, извонреден настап во дресот имаше Јетмир Зеќири со дабл-дабл ефект од 28 поена и 10 скока, Мекиќ (25), Думиќ (22) и уште Казарновски (18) додадоа своцифрен број на поени.

Актуелниот шампион се врати на победничките патеки, совладано Куманово…

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром 60-73
21-23, 16-21, 9-17, 14-12

Актуелниот шампион се врати на победничките патеки и без многу осцилации во играта успеа да го запише десеттиот триумф со кој се задржува како лидер на табелата по тринаесет одиграни натпревари оваа натпреварувачка сезона.

Бојан Крстевски беше најрасположен за игра во сино-белиот дрес со 20 поени, Николов и Милошевиќ уфрлија по 13.  За кумановци, тоа беа Јанески (11), Марковски (15) и Црниќ (15).

„Четири“ во низа за гостиварци

Гостивар – Вардар 77-68

21-17, 14-16, 24-21, 18-14

Марјан Србиноски ги предводеше своите кошаркари до четвртиот триумф во низа. Со полна пареа лидерот на табелата (делба со МЗТ Скопје Аеродром) ита кон финишот на овој регуларен дел од натпреварувачката сезона.

Се чинеше како да резултатот ќе заврши во полза на гостинскиот тим, судејќи по стартот на натпреварот. Вадарци земаа ’залет’, а старо-новиот играч Провел сакаше да ја демонстрира својата доминација на теренот. На сетоа тоа гостиварци брзо му ставија крај откако се ’налути’ Џелетовиќ и уфрли 13 поени во кошот на гостинскиот состав. Водството прејде во корист на домашниот тим, а потоа беше сведен на рутина.

До крајот на натпреварот, расположениот Џелетовиќ уфрли уште осум поени, Доналдсон запиша 18, Тасовски -11 поени зад своето име.

Кај Вардар, најрасположен за игра беше Славчо Темелковски со дабл-дабл ефект од 15 поени и 15 скока. Њувеш и Провел запишаа по 17 поени, Дамјан Робев го заврши натпреварот со 19 поени.

Целосната статистика од денешните натпревари е достапна на насловната страница на КФСМ

И на второто последувателно гостување во 2020 година, гевгеличани остварија триумф, би се рекло очекуван…

Кошаркарите на Кожув стигнаа и до втора гостинска победа во овој втор дел од првенството во Првата лига.

Очекувано, искористија некои моменти на слабост на младите кошаркари на МЗТ Скопје Уни Банка, па ја впишаа и деветтата победа во оваа сезона.

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – КОЖУВ     78:101

(21-21; 18-31; 20-26; 19-23)

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

По израмнетата прва четвртина која и буквално, резултатски, заврши во тој стил (21:21), гостите од Гевгелија ги искористија оние минути на невнимание кај понеискусниот противник. Особено се однесува за оној средишен дел од вториот период во кој дојдоа до првата двоцифрена предност (41:31), која до крајот на полувремето само ја зголемија.

Имаа уште повисоки (52:39).

На почетокот на третата четвртина Кожув дојде до уште поголема предност, (57:39), па тренерот Александар Јончевски се одлучи да им даде поголем број на минути и на Петров, Колев и Лазаревски.

Кај домашната екипа која беше дополнително ослабена со неиграњето на неколку играчи, поентерската улога ја превзема Димитровски, кој реализираше 26.поени, Мамузиќ го следеше со 17, а Тодоровски со 13.

Последниот период беше „посветен“ за намалување на разликата која по три четвртини беше уште поголема (59:78). Но без особен успех за домашниот тим кој го запиша и 13.пораз во премиерниот прволигашки настап.

Комплетната статистика од мечот одигран во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, ТУКА

#ТимОНПИКДКПКРБОД
1 МЗТ Скопје Аеродром13103108896911923
2 Гостивар13103109898411423
3 Кожув1394111494017422
4 Работнички13941134102910522
5 Еуро Никел 2005139410739997422
6 Куманово 2009137610149902420
7 Пелистер1367107810601819
8 Академија ФМП133109531058-10516
9 Вардар132119191132-21315
10 МЗТ Скопје УНИ БАНКА130139401250-3101

Извор: http://kfsm.mk/

ShareTweet
Претходна вест

Ако се даваа медали – Начевски и Николов ќе добиеја злато за одличното судење во финалето

Следна вест

Војдан имаше 6 поени и 3 скока но загуби на првиот меч за Гравелин

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир
Кошарка

ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Сеп/2026
Следна вест

Војдан имаше 6 поени и 3 скока но загуби на првиот меч за Гравелин

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.