Извршниот комитет на ИХФ кој што се одржa во Каиро, Египет, членовите на извршниот комитет едногласно ја потврдија апликацијата за кандидатурата на Ракометната Федерација на Македонија за организатор на женското младинско Светско Првенство (до 20 години) во 2024 година.
На претстојното Светското Првенство во 2024 година кое ќе се одржува во три градови, односно во Скопје, Охрид и Струмица, учество ќе земат 32 земји учеснички.
Оваа организација претставува 6-та организација на нашата земја на еден светски мундијалски собир во млади категории во машка и женска конкуренција.
Извор и фото: http://macedoniahandball.com.mk/



