Во 4-то коло oд плеј-офот во Првата женска лига, ЖРК Пелистер дома ја совлада ЖРК Стружанка со 35:23.
Во првиот дел гостинките од Струга парираа на домаќинот за на полувреме да се замине со предност на Пелистер од 14:11. Во вториот дел домаќинот успеа да го зголеми водството и на крај да слави сигурна победа и со тоа да им се реваншира на стружанки за елиминацијата во Купот на Македонија.
СТАТИСТИКА ОД НАТПРЕВАРОТ:
ЖРК Пелистер – ЖРК Стружанка 35:23 (полувреме 14:11)
ЖРК Пелистер: Наумовска, М. Јанкуловска 1, Босиловска, Блажевска 8, Милосављевиќ 4, Талевска 8, Богоевска, Чокели 2, Ристова, Белевска 5, А. Јанкуловска 7, Кајческа, Каранфиловска.
ЖРК Стружанка: Ристоска, Јовичинац 7, Дурацоска 3, Затуроска, Јоноска 3, Митоска, Јусуфи, Балоска, Дукоска 1, Петреска 1, Делиоска 6.



