Ако сакате да направите промена во вашето сместување кога одите на одмор, тогаш погледнете ги овие пештерски куќи кои се изнајмуваат и каде што може да го поминете вашиот одмор.
- Becham пештерата во Арканзас, САД
Вгнезден во природна пештера, овој дом нуди 4 спални соби со големи кревети и раскошни бањи. Околните карпести ѕидови и надземните дождови нудат искуство слично на водопади. Ова е идеално сестување за поголема група бидејќи внатре можат да се сместат и до 16 луѓе.
- Anitya – пештерска куќа во Кападокија, Турција
Сместена во срцето на Кападокија, оваа пештерска куќа е повеќе од 600 години стара. Со салон и комплетно опремена кујна ова е совршена куќа за парови и семејства. Турското кафе, чајот и зачините се тука да го направат пријатен вашиот престој.
- White dream – Пуља, Италија
Меѓу впечатливите бели ленти со знамиња, во срцето на историскиот центар Остуни се наоѓа пештерската куќа White dream. Куќата нуди елегантен и префинет декор во нијанси на бело, за да го отслика природниот камен кој ја формира структурата.
- Пештера Socorro – Гуимар, Тенерифе
Оваа пештера нуди спокојство и одмор за сите посетители. Располага со спална соба со брачен кревет и уште една соба со два одделни кревети. Идеална за семејсто. Има и пространа тераса за вечерни седенки
- Cuevo de luja – Гранада, Шпанија
Оваа луксузна пештерска куќа е поделена на два спрата, едниот спрат има спална, дневна и кујна, а другиот има chill – out дневна со убава тераса.








