Вардар е со една нога во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако убедливо со 18-27 (полувреме 6-14) славеше на гостувањето против ППД Загреб. Милосављев со 14 одбрани беше јунак на Вардар, во нападот Кристопанс и Карачиќ дадоа по 5. Кај Загреб Мандиќ беше најефикасен со 5 голови.



