Македонскиот ММА борец Филип Стефановски оваа сабота (20 јули) во салата “Јанчица” во Кичево од 22 часот ќе има нов дуел во рингот против Емилио Џафери од Албанија. Вратите во салата се отвараат во 21 часот, а влезот ќе чини 300 денари. Се повикуваат сите вљубеници во ММА да дојдат и да му дадат поддршка на нашиот Филип. 



