Утре во салата ,,Независна Македонија” во Скопје ќе се одржи кошаркарски хепенинг и полна агенда на натпревари во јадранската женска кошаркарска лига до 17-годишна возраст.
Домашната екипа на ЖКК Бадел 1862 ќе се соочи во 10.00 часот против врсничките на ЖКК Брод од Хрватска, додека од 12.00 часот на мегдан ќе излезат екипите на ЖКК Струга против хрватски Брод на Сави, а заокружување на кошаркарската програма ќе се случи во 14 и 16 часот кога баделки ќе одиграат против ЖКК Струга, додека домашната екипа во последниот меч од 16.00 часот играат против Брод на Сави.



