МЗТ Скопје Аеродром со победа го заокружи лигашкиот дел во АБА 2 Лигата откако пред своите симпатизери во Јане Сандански во меч од последното коло, го совлада сараевски Спарс убедливо со 93-77.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Предраг Самарџиски кој покрај 26 поени имаше и 14 скокови. Двоцифрени беа и Иве Иванов со 19, Џејмс Вудард со 15 и Дамјан Стојановски кој постигна 11 поени.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Предраг Самарџиски кој покрај 26 поени имаше и 14 скокови. Двоцифрени беа и Иве Иванов со 19, Џејмс Вудард со 15 и Дамјан Стојановски кој постигна 11 поени.
Инаку овие два тима ќе играат и во полуфиналето на АБА2 лигата, во кое другиот пар ќе го сочинуваат екипите на Приморска и Борац.



