МЗТ Скопје одигра фантастични две први четвртини на гостувањето кај Задар во рамките на првиот бараж натпревар за враќање во елитната АБА-лига и водеше со огромни +25 во третиот период. Во последната четвртина падна ритамот на нашиот тим и на крајот славеше само со 83-89.
Вториот меч е закажан за 23 Април каде МЗТ дома може да слави пласман во АБА лигата.
Бојиќ со 24 поени и Вудворд со 22 поени беа најефикасни кај МЗТ , додека во тимот на Задар најефикасен беше Божиќ кој имаше 19 поени.



