Металург по подолга пауза наместо во Лига на Шампиони ќе се натпреварува во ЕХФ купот кој е втор по квалитет во Европа. Оваа сезона за последен пат ќе се игра во сегашниот формат и од наредна сезона ќе има 24 екипи од кои што 12 тима со загарантиран статус, а останaтите преку квалификации. Новото натпреварување ќе се нарекува Европска ракометна лига и ќе се игра по групи.
Фото: rkmetalurg.mk



