Македонија вечерва во Терме Лашко,Словенија ќе ја има генералната проба пред настапот на Европското првенство во Австрија, а ќе се соочи против Црна Гора од 19.30 часот.
Заеднично за двете репрезентации е што во претходниот меч загубија од Словенија па во меѓусебен дуел ќе го поправаат впечатокот пред големиот спортски настан.
Македонија ќе игра без Велко Маркоски, кој е под знак прашалник и за ЕП, а селекторот Брестовац нема да повика нов ракометар и ќе чека на опоравување на искусниот дефанзивец.



