Македонското дерби помеѓу Нант на нашиот Кирил Лазаров и Магдебург на Филип Кузмановски во ЕХФ Купот им припадна на Германците кои му го нанесоа првиот пораз во официјален натпревар во 2020 година на Нант, откако славеа со 28:31 (полувреме 10:16).
Кирил Лазаров беше најдобриот стрелец на Нант со 6 постигнати голови, додека Кузмановски постигна 3 гола на денешниот меч.



