Работнички е првиот клуб кој стана освојувач на десет трофеи од државниот Куп.
Клубот од „градскиот парк“ во Скопје триумфира над Блокотехна со 71-85 во рамки на финалето од Куп-натпреварувањето и го освои јубилејниот десетти трофеј. Целосна статистика од денешниот меч погледнете на следниот ЛИНК.
Кошаркарот на Работнички Чавдар Костов се закити со признанието за најдобар стрелец и за најкорисен играч (MVP). Македонската кошаркарска федерација им додели и благодарници на кошаркарските клубови Кожув и Блокотехна како и на Општината Гевгелија за особен придонес во организација на завршниот турнир од Купот.



