понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Кошаркарската федерација одржа средба со спортските новинари и медиуми

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
септември 20, 2019
📁 Кошарка
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Раководството на Кошаркарската федерација одржа неформална средба со спортските новинари и медиуми се со цел да се појаснат и да се презентираат досегашните активности на раководството како и идните планови поврзани со работењето во федерацијата.

Претседателот Перо Антиќ и неговите најблиски соработници имаа бурно лето пред себе од официјалното преземање на раководните позиции на КФСМ и претстоеше организација на две младински континентални првенства, Б и А дивизија, како и организација на камп во рамки на развоен проект насловен „Заедно до М16“, признат од ФИБА.

Тренерите кои ги предводат тимовите во домашните натпреварувања, за неколку дена ќе добијат прилика да слушаат предавања од реномирани тренерски имиња кои оставиле траг зад себе во својата досегашна кариера. Октај Махмути, Душан Ивковиќ и Ненад Труниќ ќе предаваат на задолжителниот тренерски семинар насловен „Лазар Лечиќ“.

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, ги информира претставниците на медиумите околу селекторските позиции во сениорските репрезентации, а неговата изјава е следна: „Договорите на селекторите Јорданчо Давитков и Марјан Лазовски се завршени и истечени. Точно е дека сме веќе во преговори со тренери и за двете позиции, но сè уште ништо не е официјално. Летово Владимир Ѓоровиќ го прифати предизвикот да тренира заедно со женскиот сениорски тим, а понатаму ќе биде разговарано за официјално негово назначување на селекторската позиција. Во преговори сме со неколку тренери за селекторската позиција на машката репрезентација, кога ќе имаме нешто конкретно тоа сигурно транспарентно ќе биде претставено пред сите“.

Раководството на Кошаркарската федерација им даде до знаење на присутните дека федерацијата ќе продолжи да работи транспарентно, законски и со полна пареа, во правец на правилен развој на кошаркарскиот спорт.

 

ShareTweet
Претходна вест

Познати цените на влезниците за дуелот на Македонија против Словенија

Следна вест

Пионерките на Стружанка подобри на ,,Езерското дерби”

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир
Кошарка

ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Сеп/2026
Следна вест

Пионерките на Стружанка подобри на ,,Езерското дерби"

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.